Нов хаос во италијанскиот фудбал: Полиција ги „тресе“ Рома, Салернитана и Лацио!

Нов хаос во италијанскиот фудбал. Откако Јувентус беше казнет со минус 15 бода поради трансфер малверзации, нов скандал во Италија откако полицијата и обвинителството упаднаа и во уште три клуба, калчолигашите од Рим, Рома и Лацио како и Салернитана.

Трите клуба се под контрола поради неправилности со купување и продажба на играчи, продажба на правата на фудбалерите, како и трансфер неправилности. Рома е под можност за обвинение за трансфери во периодот од 2017 до 2021 година, освен 2020 година, додека Лацио и Салернитана за комплетниот период од 2017 до 2021 година. Лацио и Салернитана се под лупа и за трансакции меѓу себе со фиктивни трансфери, но и прекршување на законите за водење на финансиските книги со внесување на лажни податоци за приходи и расходи од трансфери.

Под истрага кај „волчицата“ се дури осум лица од актуелните сопственици од групацијата Фридкин и поранешниот сопственик Џејмс Палота, како и екс-извршниот директор Умберто Гандини, кој сега е прв човек на кошаркарската лига на Италија.

Кај Лацио, пак, под истрага е претседателот Клаудио Лотито, како и спортскиот директор Игли Таре, но и уште пет лица од раководството на клубот.

Се вчитува...