Нов кошмар за Тен Хаг: Двајца дефанзивци ќе паузираат по најмалку еден месец

Ерик тен Хаг од стартот на сезонава има огромни проблеми со повредите на стандардни дефанзивци, а главоболките на стратегот на Манчестер Јунајтед се појавија и по последниот меч со Брентфорд.

Виктор Линделоф го повреди мускулот во второто полувреме од овој меч и мораше да биде ззаменет со Лисандро Мартинез, за кого ова беше прв настап по повредата заработена на почетокот од февруари. Аргентинецот го заврши мечот до самиот крај, но на денешниот тренинг заработил повреда на мускулот и повторно ќе биде надвор од терените.

Деталните лекарски прегледи покажале дека проблемите не се наивни и дека двајцата дефанзивци ќе паузираат најмалку по еден месец.

Манчестер Јунајтед в четврток му гостува на Челси, а веќе в недела го очекува ново дерби, на домашен терен против Ливерпул во Премиер-лигата.

Се вчитува...