Нов одличен натпревар на Магдевски во победата на Плоиешти

Андреј Магдевски и неговиот Плоиешти стигнаа до десеттата победа во романското првенство откако во 23. коло славеа со 84-79. Македонскиот интернационалец одигра уште еден одличен натпревар во кој беше лидер на својот тим.

Македонецот на теренот помина 23. минути за кои постигна 18 поени со реализација 6/9 за два и 2/5 за три поени на кои додаде шест асистенции и два скока.

Се вчитува...