Нов пораз на Димитриевски и Рајо во Ла лига (ВИДЕО)

Столе Димитриевски и Рајо Валјекано загубија на гостувањето кај Селта Виго со минимални 2-0 во 23. коло во шпанската Ла лига. Домаќините поведоа со 1-0 уште во 12. минута со голот на Мендез, додека конечните 2-0 ги постави истиот фудбалер во 81. минута.

Нашиот репрезентативен голман Столе Димитриевски за првпат стартуваше на меч од домашниот шампионат по целата сага со неговото заминување од тимот од Мадрид која го одбележа месец јануари.

Рајо Валјекано останува на осмата позиција на првенствената табела со 31 бод, додека Селта Виго сега е десетта со бод помалку од денешниот противник.

 

 

 

Се вчитува...