Нов пресврт во Белград: По Пантер, уште еден кошаркар останува во Партизан

Зек Ледеј би можел да остане во Партизан. По Кевин Пантер, и тој е блиску до продолжување на договорот со „црно-белите“, пишуваат европските медиуми. Според нивните информации, продолжувањето на соработката е многу блиску.

Голем интерес за американскиот кошаркар покажаа многу евролигашки клубови, а со него наводно контактирале Панатинаикос, Макаби Тел Авив и Барселона, но се чини дека на крајот тој нема да си замине од Белград.

Минатата сезона во Евролигата, Ледеј имаше просек од 10,7 поени, 4,6 скока и просечен индекс на корисност од 12,6. Тој беше еден од најзаслужните за освојувањето на титулата во АБА-лигата, бидејќи во финалната серија со Звезда имаше просек од 13,8 поени, шутирајќи 55 отсто за три поени.

Се вчитува...