Нов проблем за Голден стејт: По Кари, се повреди и Томпсон

Тренерот на Голден стејт вориорс, Стив Кер, се соочува со сериозен проблем откако по Стеф Кари остана без помошта на уште една ѕвезда од својот тим. Станува збор за Клеј Томпсон, кој се повреди за време на гостувањето против Минесота, а прегледите покажаа дека проблемот не е наивен.

„Томпсон има фрактура на прстот на десната рака, која му е шутерска. Тој ќе паузира околу две седмици од терените“ – објавија американските медиуми.

Клеј Томпсон сезонава во просек постигнува по 19,7 поени по натпревар, шутирајќи со 44,3% успешност за три поени.

Актуелните шампиони веќе извесно време се и без помошта на својот главен играч, Стеф Кари, кој според информациите ќе отсуствува најмалку уште една седмица од терените.

Се вчитува...