На ЕП не може да се наполни „Борис Трајковски“, а на меч во женска одбојка присуствуваа 92.003 навивачи (ВИДЕО)

Натпреварот помеѓу женските одбојкарски колеџ тимови на Линколн и Омаха донесе нов рекорд на посетеност на еден женски спорстки настан откако на стадионот „Меморијал“ во сојузната држава Небраска присуствуваа 92.003 луѓе.

Одбојката е најпопуларниот женски спорт во Небраска, а тоа го докажаа навивачите кои го надминаа рекордот кој беше потставен исто така во Соединетите американски држави во 1999 година кога на финалето на Светското првенство за фудбалерки помеѓу САД и Кина присуствуваа 90.185 луѓе.

Се вчитува...