Нов светски рекорд на Кенијката Џепчирчир, Поп Арсова 99. на СП во полумаратон

Кенијката Перес Џепчирчир во рок од само 12 дена втор пат го урна светскиот рекорд во полумаратон, откако денеска со време од 1:05.16 го освои златниот медал на Светското првенство во полска Гдиња. Кенијката го поправи најдобриот резултат на сите времиња за цели 18 секунди, време кое го постави пред само еден месец во чешка Прага.

Поп Арсова и Игор Јакимовски

Второто место и припадна на Мелат Јисак Кејета од Германија, која со време 1:05.18 го постави второто најдобро време во историјата, додека бронзата и припадна на Етиопијката Јалемзеф Јехуалав која беше само три секунди послаба од времето на победничката.

Нашата најдобра атлетичарка на долги патеки, Андријана Поп Арсова светското првенство во Гдинија го заврши на 99. место од вкупно 105 атлетичари. Поп Арсова полумаратонската делница ја истрча со време од 1:22.18 часа.

Се вчитува...