Нов трипл-дабл на Јокиќ, Бил броеше до 27 за една четвртина (видео)

Денвер триумфираше на дуелот против Оклахома сити со 127-124 со тројката на Харис со звукот на сирената, но овој натпревар мина во знакот на фанастичниот Никола Јокиќ. Српскиот кошаркар оствари втор трипл-дабл во низа во последните неколку дена, овојпат со фантастични 29 поени, 14 асистенции (вклучувајќи ја и последнта до Харис) и 13 скокови, уште еднаш покажувајќи зошто важи за еден од најталентираните кошаркари на својата позиција во НБА-лигата.

На спротивната страна, Пол Џорџ одигра одличен меч постигнувајќи 43 поени, додека Расел Вестбрук реализираше 20 поени и 21 асистенција, сепак премалку за да се стигне до триумф во Денвер.

Хјустон како гостин славеше на дербито на западната конференција во Сан Антонио со резултат 91-102, пред се благодарение на Џејмс Харден и неговите 28 поени и 11 асистенции.

Блејк Грифин дебитираше во дресот на Детроит при победата од 104-102 над Мемфис, остварувајќи дабл-дабл од 24 поени и 10 скокови.

За одбележување е и извонредниот настап на Бил во финишот од дуелот Вашингтон – Торонто, откако асот на домашната екипа постигна дури 27 поени во последната четвртина носејќи им триумф на „волшебниците“.


Резултати НБА:

Детроит – Мемфис 104-102, Вашингтон – Торонто 122-119, Минесота – Милвоки 108-89, Сан Антонио – Хјустон 91-102, Денвер – Оклахома сити 127-124.

Се вчитува...