Нов „трипл-дабл“ на Вестбрук, Индијана на крилјата на Оладипо

Њу Орлеанс, Бостон и Оклахома стигнаа до лесни победи, додека Мемфис имаше нешто потешка задача против ЛА Клиперс во дел од натпреварите од синоќешната програма во НБА лигата. Денвер, пак, славеше гостинска победа против шампионот Голден стејт од 81-96 на тој начин запирајќи ја серијата на Вориорс од 11 едноподруго победи.

Њу Орлеанс лесно славеше против Мајами со 94-109 предводен од Јан Кларк со 19 поени, а добра партија пружија и Дејвис и Казинс со 17, односно 16 поени. Тајлер Џонсон на спротивната страна постигна 20 поени.

Оклахома ја победи Јута со 103-89, низ уште една одлична ноќ на Расел Вестбрук кој запиша „трипл-дабл“ од 27 поени, 10 скока и 10 асистенции. Донован Мичел единствено беше забележлив кај поразените со 29 постигнати поени.

Мемфис стигна до тесна победа против ЛА Клиперс од 115-113, во меч во кој се издвоија кај победниците Марк Гасол со 17 поени и 15 скока, и Еванс со 30 поени.

Шарлот на домашен терен славеше против Милвоки со 111-106, Бостон лесно го победи Чикаго со 117-92 додека Вашингтон го „разби“ Орландо со 130-103.

Двајт Хауард беше најефикасен кај Шарлот со 21 поен, додека кај Милвоки блескаше Крис Мидлтон со 31 поен.

Во победата на Вашингтон над Орландо, Џон Вол имаше „дабл-дабл“ од 10 поени и 13 асистенции, додека Пејтон уфрли 30 поени, дополнети и со 10 асистенции.

Индијана по продолжението го скрши отпорот на Бруклин доаѓајќи до победа од 123-119. Виктор Оладипо беше одличен со 38 поени за Индијана.

Во останатите мечеви Атланта беше подобра од Далас со 112-107, Портланд славеше тешка победа од 92-95 на гостувањето против ЛА Лејкерс а Торонто дојде до рутинска победа на свој паркет против Филаделфија со 102-86. ДеРозан за победниците постигна 29 поени, а на спротивната страна најдобар беше Дарио Шариќ со 17 поени.

Се вчитува...