Нов „трипл-дабл“ за Леброн и Вестбрук, Јокиќ феноменален во неверојатниот триумф на Денвер

Кошаркарите на Портланд славе со 113-98 против Мемфис во еден од синоќешните дуели од НБА лигата. Портланд пред своите навивачи стигна до 48-та победа сезонава воден од Демијан Лилард со 27 поени додека МекКалум имаше 20 поени дополнети и со 9 асистенции.

Кливленд со 98-87 го победи Далас. На гостите не им помогна ниту Барнс со 30 поени, додека на спротивната страна Леброн Џејмс имаше нов „трипл-дабл“ од 16 поени, 12 асистенции и 13 скока.

Оклахома со 109-104 славеше на гостувањето против Њу Орлеанс. Пол Џорџ постигна 27 поени, додека Расел Вестбрук запиша нов „трипл-дабл“ од 26 поени, 13 асистенции и 15 скока. Ентони Дејвис имаше 25 поени и 11 скока кај поразената екипа.

Кевин Дурант со 29 поени и 11 скока, заедно со Томпсон кој постигна 23 поени, ги водеа Голден стејт до триумф од 117-107 против Феникс.

Денвер во неверојатна завршница во продолжение славеше со 128-125 против Милвоки. Одличен натпревар одигра српскиот кошаркар Никола Јокиќ со 35 поени, 13 скока и 5 асистенции, за 44 минути на паркетот.

Сепак, јунак на мечот беше Џамал Мареј кој во последните секунди беше фаулиран во обид за три поени, па ги однесе Нагетси кон продолжение. Сето тоа подоцна донесе и победа…

Се вчитува...