Новата сезона на Лигата на нации започнува денеска, со првото коло ко носи неколку дебија кои ќе привлечат посебно внимание.
За прв пат, три фудбалски тренери-гиганти – Јирген Клоп, Зинедин Зидан и Чави Ернандез – ќе седнат на клупите на големите европски репрезентации.
Ќе биде особено интересно во Амстердам, каде што ќе се сретнат Холандија и Германија. Чави ќе ги предводи „портокаловите“, додека од другата страна ќе биде Клоп, кој ја презеде репрезентацијата на својата земја.
Еден ден подоцна, на сцената ќе се појави и Зидан. Еден од најголемите фудбалери во историјата на Франција ќе го започне својот мандат на клупата на „триколорите“ со посета на Турција.
За сите тројца, Лигата на нации претставува само почеток на многу поголеми амбиции, но нивниот прв натпревар во нивните нови улоги веќе има посебна тежина.
Постои некоја тајна врска
Врската меѓу Барселона и холандскиот фудбал трае со децении. Од Ринус Мишелс и Јохан Кројф, преку Луј ван Гал и Франк Рајкард, бројни Холанѓани оставија длабок белег во каталонскиот клуб.
Сега таа врска ќе ја продолжи Чави, легендата на Барселона, кој ја презеде холандската репрезентација.
„Сето ова е ново за мене, сакам да бидеме како семејство тука“, рече Чави Ернандез на почетокот на својот мандат.
Новиот тренер не сакаше да ветува конкретни резултати, но јасно го соопшти типот на фудбал што сака да го игра неговиот тим.
„Не можам да ветам резултати, но ќе работиме на резултати. Можам да ветам дека ќе играме со интензитет, страст и добар ритам. Ќе се обидеме да бидеме конкурентни и да ја преземеме иницијативата во играта“, рече Чави.
Во неговиот тим ќе биде и Вирџил ван Дајк, кој сега ќе мора да се навикне на необична ситуација – играјќи против својот поранешен тренер Јирген Клоп како капитен на Холандија.

Најважни моменти во кариерата
Под водство на Клоп во Ливерпул, Ван Дајк израсна во еден од најдобрите дефанзивци на неговата генерација. Заедно освоија речиси сè што можеа, а сега ќе бидат на спротивставени страни за прв пат.
Две години откако го напушти Ливерпул, Јирген Клоп најде нов предизвик. Овој пат тој не води клуб, туку германската репрезентација.
„Ова е врвот, апсолутниот врв на мојата тренерска кариера. Ќе дадам сè што имам“, рече германскиот стручњак.
Германија има разочарувачки настап на неодамнешното Светско првенство, па една од првите задачи на новиот селектор ќе биде да го врати тимот на вистинскиот пат.
Прашањето е дали Клоп може да ја претвори репрезентацијата во тим што ќе игра со енергијата и интензитетот по кои беа познати неговите најдобри тимови од Ливерпул.
Чекеше, чекаше и дочека
За Зинедин Зидан, преземањето на Франција не е само нова работа. Тоа е можност што, како што вели, ја чекал со години.
„Во текот на последните четири или пет години имав неколку понуди од клубови, но ги одбив сите поради Франција“, откри Зинедин Зидан.
Поранешниот ас на „триколорите“ со репрезентацијата го освои Светскиот и Европскиот шампионат како играч, додека како тренер на Реал Мадрид неколку пати стигна до европскиот трон.
Сега ќе предводи генерација предводена од играчи како Килијан Мбапе, Михаел Олисе и Усман Дембеле.
Франција е полна со индивидуален квалитет, но нивниот последен голем турнир покажа колку се важни организацијата и системот за успех. Токму ова Зидан ќе се обиде да го донесе во тимот.
Неговиот прв натпревар на француската клупа ќе биде против Турција во Измит.
Уште неколку големи дебија
Покрај Клоп, Зидан и Чави, почетокот на новото издание на Лигата на нации ќе донесе уште неколку промени на клупите на големите национални селекции.
Роберто Манчини ќе започне нов мандат на клупата на Италија, Славен Билиќ ја презеде Хрватска, додека Жорж Жезус ќе дебитира како селектор на Португалија.
Белгија за прв пат ќе ја предводи поранешниот холандски репрезентативец Марк ван Бомел.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

Уште неколку големи дебија