Нова мода во Англија – сите носат елеци како Герет Саутгејт

Англија го игра своето прво мундијалско полуфинале по пауза од 28 години, доволна причина за тотална еуфорија во земјата што важи за „лулка на фудбалот“. Некој ќе каже дека Хари Кејн е лидерот, други го величаат голманот Пикфорд, но сите Англичани се едногласни за една работа – овој успех немаше да се случи ако на клупата го немаа Герет Саутгејт.

Поранешниот репрезентативец пристигна на клупата на националниот тим на местото на Сем Алардајс, донесе неколку храбри одлуки, ја подмлади репрезентацијата и стигна до фантастичен резултат, па сега се наоѓа на само еден чекор до првото мундијалско финале за Англија уште од далечната 1966 година.

Популарноста на Саутгејт може да се согледа и од фактот дека огромен број на фанови допатуваа во Москва облечени во елекот што Саутгејт го носи врз својата кошула, како поддршка за кормиларот на „гордиот албион“ на денешниот полуфинален меч.

Без него ова немаше да биде возможно. Бил репрезентативец порано, знае што е неопходно за успех, а воедно е и фантастична личност што може да го извлече максимумот од секој играч. Горди сме на Саутгејт, ова е само начин да му се заблагодариме за се досега, и да изразиме надеж дека серијата ќе продолжи“ – изјави за британските медиуми еден од бројните британски фанови со „стајлинг“ како селекторот.

Се вчитува...