Нова неверојатна партија на Јокиќ, брилијантен и Ентони Дејвис

Денвер славеше на домашен терен против Сан Антонио со 122-119, а одлична партија во редовите на домашните пружи Никола Јокиќ.

Српскиот центар запиша 28 поени, дополнети и со 11 скока и 11 асистенции, заокружувајќи нова неверојатна партија во НБА лигата. Најефикасен на дуелот беше Олдриџ со 38 постигнати поени.

Кливленд славеше на гостински терен против Мемфис со 89-112, со „трипл-дабл“ на Леброн Џејмс. „Кралот“ запиша 18 поени, 11 асистенции и 14 скока.

Домашна победа славеше Хјустон против Минесота од 120-102. Повторно одличен беше Џејмс Харден со 31 поен, а дополнети и со 9 асистенции и два скока. Во чекор го следеше Капела со 25 поени и 11 скока.

Одлична партија имаше синоќа и Ентони Дејвис во победата на Њу Орлеанс против Мајами, постигнувајќи дури 45 поени, а на сето тоа дополнувајќи и 17 скока. Кај гостите Горан Драгиќ постигна 30 поени, со 8 асистенции и 9 скока.

Сигурна победа запиша и ЛА Клиперс против Феникс од 128-117. Одличен беше Лу Вилијамс со 35 поени, а го следеше Харис со 30 поени и 12 скока.

Клиперси се деветти на Западот со скор од 31-27, додека Санси се на 15-та позиција со 18 победи и 42 порази.

Се вчитува...