Нова потресна исповед на ќерката на Михајловиќ – „Во еден момент тато ми шепна немам веќе сила„

Синиша Михајловиќ успеа да ја победи леукемијата и полека, но сигурно се враќа на нормалниот начин на живеење. Ќерката на тренерот на Болоња, Викторија раскажа колку биле тешки моментите кога татко и бил на хемотерапија и дека во еден момент бил толку слаб, што сакал само се да заврши.

„До вчера само одеше, сега почна по малку и да трча. Кога го гледам ми се будат големи емоции. Кога помина првиот циклус хемотерапија, лежеше во болница целиот исушен. Го прегрнав, но не можев да го почувствувам неговиот допир. Само тивко ми шепна, Вики „немам веќе сила“, изјави Викторија. 

Михајловиќ веќе работи со својот тим, надевајќи се дека сезоната во Серија А која беше прекината поради пандемијата од коронавирусот наскоро ќе продолжи. а

Се вчитува...