Нова шлаканица за Меси и компанија: Валенсија го освои Купот на Шпанија

Лионел Меси и компанија доживеаја уште една шлаканица сезонава. По драматичната елиминација во Лигата на шампионите од Ливерпул, и наспроти желбата сезонава да ја заврши со двојна круна Барселона не успеа во тоа.

Во финалето од Купот на кралот, Барселона загуби од Валенсија со 1-2. Валенсија поведе со голот на Гамеиро уште во 21. минута од натпреварот. Во 33. минута веќе беше 0-2 за Валенсија со погодокот на Родриго.

Барселона во вториот дел, со далеку поагресивна игра, се обиде да дојде до израмнување но единствено што успеа е преку Меси во 73. минута да го ублажи поразот за конечни 1-2.

Каталонскиот тим, на крајот, остана единствено со шампионската титула од Ла Лига и покрај желбата да се стигне и до трофеите во ЛШ и во Купот на Шпанија.

Се вчитува...