Нова солидна партија на Магдевски и нов убедлив триумф на Плоешти

Македонскиот кошаркарски репрезентативец, Андреј Магдевски продолжува со одличните игри во дресот на романскиот Плоешти. По трипл-даблот кој го имаше на минатиот натпревар, тој вечерва одигра нова солидна партија во убедливата гостинска победа над Мијеркуреја Чук (63-89).

Магдевски бидејќи немаше потреба за повеќе одигра нецели 22 минути на овој меч на кој постигна осум поени, надополнети со четири скока и три асистенции.

 

 

Се вчитува...