Нова спринт-победа на Марк Маркез

Марк Маркез уште еднаш потврди дека е „недопирлив“ на спринт трките откако стигна до победа во „Монтеги“, како дел од јапонското гран-при.

Тој делуваше импресивно на патката, со време од 20.50,376 минути стигнувајќи до првото место за своја 22. победа на спринт-трките, седма оваа сезона.

Денешната трка ја одбележа големата грешка на неговиот брат Алекс Маркез, кој во првиот круг го исфрли од патеката Акоста, за што беше казнет со два долги круга што ќе мора да ги извози за време на утрешната главна трка.

Второ најдобро време денеска имаше Хорхе Мартин, трет беше Бастијанини, но овие двајца ќе се поместат за една позиција поради изречената казна за излегување од рамките на патеката. Така, второто место денеска му припадна на Диого Мореира од Про Хонда.

Ланскиот победник од „Монтеги“, Бањаја, имаше уште една разочарувачка спринт-трка не успевајќи да стигне до целта.

Главната трка за ГН на Јаппонија ќе се вози утре наутро со почеток во 7 часот. Мартин е водечки во генералниот пласман со 313 бодови, Маркез сега има 306, а третопласиран е Бецеки со 268 бода на своето салдо.

Се вчитува...