Нова тешка задача за одбојкарите: Против Турција за престиж и чест!

Македонските одбојкари се силно мотивирани за поправање на впечатокот од првите два настапи на Европското првенство и поразите од Финска и од Холандија, иако денеска ги очекува повеќе од тешка задача во третиот натпревар од Групата Ц против силната селекција на Турција.

Турците, наспроти нашите два порази на стартот, имаат две победи. Откако славеа над Русија во првото коло, четата на Озбеј се радуваше и против Шанија со 3-1 и се наоѓа на второто место во групата зад Холандија.

За македонскиот состав дополнителен проблем претставува повредата на Маџунков, како и отсуството на примачот Столе Илиев кој мора да биде во изолација поради сомнителен ПЦР-тест на коронавирус. Сепак, има мотив во репрезентацијата за максимално надигрување со противникот.

Натпреварот меѓу Македонија и Турција се игра во „Хакаметска“ арена со почеток од 13 часот.

Се вчитува...