Нова титула во црвено-црно – Славје без многу славје, тивко и мирно (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Вардар запиша уште една шампионска титула за својата историја, но овој пат, за разлика од сите претходни години, славјето за круната мина некако тивко, скромни и мирно, без многу еуфорија на стадионот на Македонија ЃП во Ѓорче Петров.

Секако, причина за тоа беше и полупразниот стадион, и повеќе од скромната бројка „Комити“ кои ги немаше па дури и на прославувањето на титулата… Нешто слично како и низ текот на целата сезона.

Како и да е, Вардар ќе стои со нова титула во архивата, сега веднаш насочувајќи ги мислите кон настапот во квалификациите за Лигата на шампионите…

[new_royalslider id=”662″]

Се вчитува...