Српскиот кошаркар Никола Јокиќ постигна 55 поени и 12 скока во победата на Денвер Нагетс над Лос Анџелес Клиперс од 130-116. Ова беше шести триумф по ред за Денвер, и уште една фантастична вечер за „Џокерот“.
Нагетс немаа проблеми против Клиперси кои настапија без Кавај Ленард и Бредли Бил, а Србинот ја имаше една од најдобрите партии во кариерата. Ардон Гордон беше најблиску до Јокиќ со 18 поени, додека Мареј заврши со 15 поени. Џејмс Харден со 23 и Џордан Милер со 22 беа најентузијастичните за Клиперси.
Јокиќ мина на паркетот 33 минути, од кои само две во последната четвртина, но тоа не му претсавуваше проблем да има ѕверска партија. Србинот погоди пет од шест обиди за тројка, 14 од 16 слободни фрлања, заврши како најдобар во скокови и најдобар асистент во својот тим, и доколку тренерот Давид Аделман не се одлучи да го одмори, тогаш неговиот учинок ќе беше подобар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

