Новак Ѓоковиќ нема да игра на ниту еден турнир пред Вимблдон?

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ по поразот од Рафаел Надал во четвртфиналето од Ролан Гарос најверојатно нема да настапи на друг турнир пред почетокот на Вимблдон. Тој во моментот се наоѓа во Црна Гора каде „полни батерии“ пред најважниот дел од сезоната, а таму ќе ги одработи и подготовките за третиот гренд-слем во сезоната.

Оваа инфорамција ја откри неговиот тренер Горан Иванишевиќ во интервју за „Спорт Клуб“, велејќи дека луѓето како Ѓоковиќ се генијалци и имаат свои начин на подготовка пред голем турнир.

„Најверојатно нема да настапи на друг турнир пред Вимблдон. Ќе видиме, но сега е време за психичка регенерација. Како што говорев и порано, луѓето како Новак се генијални со друг начин на размислување. Потребно им е време да се вратат и да ги „склопат“ работите во главата. Знам дека ќе биде подготвен за настап на трева“, изјави Иванишевиќ.

Се вчитува...