Новата сезона во Лигата на шампионите само што почна, а еден тим уште сега обезбеди квалификации за идната година

Екипата на Викингур од Рејкјавик ја освои титулата во исландскиот шампионат и официјално стана првата екипа која обезбеди учество во квалификациите за пласман во Лигата на шампионите за следната 2027/28 сезона.

Интересно е што е одиграно само едно коло во Лигата на шампионите од оваа сезона, а исландскиот тим може уште сега да се подготвува за идното лето кога ќе се играат квалификациите.

Викингур до титулата во исландскиот шампионат дојде на три кола пред крајот на сезоната. Екипата има 12 бода предност пред второпласираниот КР Рејкјавик, со што ја обезбеди деветтата титула во клупската историја.

Ова лето, Викингур во квалификациите за ЛШ го елиминира Ѓер, но во второто коло загуби од Хапоел Бер Шива. Квалификациите ги продолжија во Лигата на Европа каде загубија од Тун, за во плејофот за пласман во Лигата на конференции да испадне од Борац Бања Лука.

Се вчитува...