Нови детали околу хаосот во Вуковар – „БББ“ се степале со „Делије“, еден навивач на Партизан бил вмешан во индиентот (ВИДЕО)

Балканските медиуми пренесуваат нови детали околу инцидентот меѓу српските и хрватските навивачи во Вуковар. Имено, огранокот на „БББ“ од овој град влегол во конфликт со навивачите на Црвена Звезда „Делије“, а не навивачите на Партизан „Гробари“ како што прво беше објавено во медиумите. Прво излезе информација дека инцидентот е меѓу „БББ“ и „Гробари“, бидејќи еден навивач на Партизан им се придружил на „Делије“, а откако бил уапсен од полицијата, поради него во официјалното соопштение стои дека се пресметале навивачките групи на овие два клуба.

Полицијата во Вуковарско-сремската жупанија соопшти дека приведени се  шеснаесет лица поради предизвикување на инцидентот кој се случи вчера вечер, а најмалку шест лица завршиле со повреди.

 

Се вчитува...