Нови договори за Робен и за Рибери

Баерн Минхен игра одлично, изминатиот викенд ја осигура шестата титула во низа во Бундес-лигата, а в среда ќе го запечати пласманот во полуфиналето од ЛШ. Управата на клубот воедно размислува и за иднината, па по долго размислување донесена е одлука да им бидат понудени нови договори на Арјен Робени на Франк Рибери, двајцата ветерани кои со години наназад се од огромно значење во играта на баварскиот гигант.

Актуелните договори истекуваат на крајот од оваа сезона, и Робен и Рибери изјавуваа дека би останале кога би добиле понуда за такво нешто, па Румениге и Хенес решија наместо подмладување, да ги задржат двајцата асови нудејќи им нови едногодишни договори.

Финансиските детали не се познати, понудените суми сигурно се пониски од оние што Робен и Рибери моментно ги заработуваат на „Алијанц арена“, па интересно ќе биде да се види дали тие ќе се решат да останат во Минхен или ќе изберат некоја од богатите понуди од Кина што веќе пристигнаа на нивна адреса.

Се вчитува...