Нови две повреди во Манчестер Сити: Гвардиола остана без уште еден клучен играч

Пеп Гвардиола се соочува со огромни проблеми поради честите повреди во тимот откако Нејтан Аке и Фернандињо се приклучија на долгата листа на повредени фудбалери на Манчестер Сити.

Аке се повреди неколку часа пред синоќешниот дуел против Порто, додека Фернандињо влезе во игра во второто полувреме и само пет минути подоцна мораше да биде заменет, жалејќи се на болка во мускулот. Првите прогнози се дека Бразилецот ќе биде најмалку еден месец „во аут“, додека за Аке ќе бидат потребни детални прегледи пред да се добијат детални информации околу тежината на повредата.

„Граѓаните“ в сабота ги очекува гостување во Лондон против Вест Хем, дуел за кој Гвардиола нема да може да смета ниту на Лапорт, Де Бруине, Хесус и на Менди.

Се вчитува...