Нови главоболки за Конте: Тотенхем остана без важен играч до крајот на сезоната

Антонио Конте успеа да го донесе Тотенхем во позиција да се бори за Топ 4 пласман оваа сезона, но менаџерот на „петлите“ викендов доби една лоша вест. Повредата на Мет Доерти е сериозна и фудбалерот кој се пожали на истата на дуелот со Астон Вила, заминува на долг принуден одмор.

Англиските медиуми објавија дека Ирецот нема да се врати до крајот на сезоната, со што Конте губи еден од своите најважни фудбалери и играчи кои имаа голема минутажа во редовите на Тотенхем.

Настрадало коленото на Доерти по дуелот со Мет Кеш од Астон Вила, а прегледите покажале дека проблемот е посериозен.

Засега не е донесена одлука за евентуална операција, но јасно е дека Доерти нема да може да настапува и за својата репрезентација во јунските термини.

Се вчитува...