Новиот голман на Јуве пристигна на прегледи во Торино

Јувентус во следните 24 часа ќе го комплетира трансферот на новиот голман откако Норберто Нето утрово слета во Торино, каде по деталните лекарски прегледи ќе следи и потпис на договорот со најтрофејниот италијански клуб.

Челниците на Јуве беа принудени да реагираат по тешката повреда на Грабара, кој по операцијата на коленото ќе мора да паузира најмалку шест месеци од терените. Јуве пред крајот на преодниот рок ги продаде и Ди Грегорио и Перин, па тренерот Спалети остана само со Викарио како сениорски голман. Управата на „црно-белите“ мораше експресно да реагира, наоѓајќи заеднички јазик со Бразилецот Нето, кој би требало што поскоро да се приклучи на тренинзите на „старата дама“.

Нето, кој е поранешен голман на Барселона, беше без клуб откако му истече договорот со премиерлигашот Борнмут. Токму затоа, тој може надвор од преодниот рок да потпише за Јувентус и веднаш да биде дел од тимот на „старата дама“ во Серија А.

Се вчитува...