„Новиот Халанд“ ќе го менува Агуеро во Манчестер Сити

Англискиот премиерлигаш Манчестер Сити следното лето ќе тргне во офанзива по младиот фудбалер на Ред Бул Салцбург, Патсон Дака. Пеп Гвардиола бара замена за Кун Агуеро кој се повеќе има проблеми со повреди поради кои често е надвор од терените.

Како замена за Агуеро се споменува името на Дака, кој е наследник на Ерлинг Халанд во нападот на австрискиот тим. Минатата година Дака постигна 27 гола и 12 асистенции во 45 настапи. Од почетокот на новата сезона тој не престанува да импресионира. Во 11 натпревари за тимот на Салцбург тој постигна 12 гола и забележа пет асистенции.

 

Се вчитува...