„Новиот Е. Пелистер“ стартуваше со победа: Нексе падна во Битола за второ место во групата

Новиот Еурофарм Пелистер со Александар Јовиќ на клупата и Звонко Шундовски во раководството, стартуваше со триумф 27-23. Вечерва во Битола „падна“ тимот на Нексе.

Доминацијата на Пелистер ја потврдува предноста која ја имаа битолчани речиси во текот на целиот меч. После водството од 0-1 за Нексе, „зелено-белите“ го презедоа водството и го држеа до крајот на мечот.

Во првиот дел Пелистерци имаа и четири, а на крајот се замина со предност од три. Во вториот дел „експлозија“ на домашниот тим воден од публиката, се стекна и со предност од осум голови. Меѓутоа во финишот со три гола Нексе успеа да намали. Во последните мигови имаа гостите и пенал (ако го реализираа Пелистер ќе беше на третото место), но Кизиќ го одбрани.

Денис Василев со шест гола од осум обиди беше најефикасен ракометар на средбата. Се истакнаа и голманите на Пелистер, Лесјак имаше 11 одбрани, Кизиќ седум, од кои три седмерци меѓу кои и оној во последната секунда.

Се вчитува...