Новиот селектор Павличевиќ прозива утре, повика 24 одбојкари за Сребрената лига 2022

Новиот селектор на одбојкарската репрезентација на Македонија, Ратко Павличевиќ, уште утре ќе го има првиот предизвик на новата работа, откако ќе ја изврши прозивката на одбојкарите во Маврово, каде селекцијата ќе се подготвува за Европската сребрена лига во 2022 година.

На списокот се најдоа 24 одбојкари, главно истите кои играа на последните два континентални собири во Словенија и во Финска.

Ѓорѓи Ѓорѓиев, Филип Деспотовски, Ефтим Ричлиев и Давид Стојанов се техничари, Никола Ѓорѓиев, Стојче Арсов и Стефан Алексов коректори, оссумина одбојкари конкурираат за позицијата примач: Владо Милев, Александар Љафтов, Стојан Илиев, Лука Костиќ, Васе Михаилов и новаците Блертон Бафтијари од Шкендија, Ангел Бошков од Универзитет во Тетово и Оливер Куновски од Борец. Стандардните Филип Маџунков, Ристо Николов, Филип Савовски, Славе Наков и Филип Лепидовски се блокери, а шанса ќе има и за Михајло Мирасчиев од Штип УГД и за Христијан Андоновски од Борец. Дарко Ангеловски и Костадин Ричлиев ќе играат либера.

Во Европската сребрена лига 2022 година, Македонија е во група со БИХ, Албанија и Романија. Првите две селекции ќе обезбедат пласман на завршниот турнир во Будимпешта.

Се вчитува...