Новицки потпиша нов договор со Далас

Германскиот ветеран Дирк Новицки потпиша нов едногодишен договор со Далас маверикс. 40-годишниот германски кошаркар ќе ја игра 21.сезона во НБА – лигата, што ќе биде и нов рекорд во елитното кошаркарско натпреварување.

Ако настапи на само еден натпревар во новата сезона, Новицки ќе го урне рекордот на Коби Брајант и ќе стане првиот кошаркар во НБА со повеќе од 20 сезони во еден ист тим.

Минатата сезона Новицки одигра 77 натпревари, на кој во просек имаше 12 поени и 5,7 скокови. Германецот ќе заработи 5 милиони американски долари во новата сезона.

Се вчитува...