Огромна е кризата во која се наоѓа тимот на Партизан, кој до допре дното откако по денешниот пораз од Војводина падна на претпоследното место на табелата во српскиот шампионат.
„Црно-белите“ веќе се елиминирани од европските купови, целата управа и тренерот Илиќ си поднесоа оставки, па се премислија, но ситуацијата во последните седмици веќе стана и повеќе од алармантна.
Домашниот пораз од Војводина од 2-3, во кој гостите имаа 0-2 и 1-3, беше само уште еден доказ за немоќта на „црно-белите“, кои по првите осум рунди собраа срамни седум бода.
Дали пак ќе следат оставки, останува да видиме…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
