Ново патешествие за Шкупи: Повторно осумчасовно патување до Европа

Македонскиот фудбалски шампион, Шкупи утре ќе му гостува на Шамрок Роверс во првиот натпревар од 3. квалификациско коло во второто по ранг европско фудбалско натпреварување, Лигата на Европа.

Како и на мечот против Линколн во Гибралтар, чаирчани повторно имаат многу проблеми со патувањето. Имено, нивниот чартер лет слетал на 300 километри од Даблин, по што сега ги очекува тричасовен лет до главниот град на Република Ирска.

Тоа значи дека најверојатно нема да може да биде официјалниот тренинг пред утрешниот натпревар кој на програмата е во 21 часот.

Се вчитува...