Серијата порази на Партизан во Евролигата продолжи и на вечерашното гостување во Атина против Олимпијакос, на кое „црно-белите“ загубија со 80-71, за четврти пораз во низа и приближување до дното на евролигашката табела. Олимпијакос влезе како голем фаворит, но Партизан има за што да жали бидејќи не само што одлично парираше, туку беше и поблиску до победата, но грешките во последните минути придонесоа тимот на Обрадовиќ да загуби уште еден егал меч, по несреќниот пораз од Барселона во Белград минатото коло.
Првото полувреме мина во максимално израмнета игра, но Партизан одигра одлична трета четвртина и поведе со 53-58. Гостите од Србија потоа имаа и „плус осум“, но со почетнички грешки и промашувања му овозможија на домаќинот да се врати, а потоа во завршницата предводен од Дорси и од Милутинов да стигне и до триумф , на крајот изразен со нереално убедливите 80-71.
Вокап имаше 15, поени, Везенков еден помалку, а Милутинов покрај шесте поени имаше и 10 скока и 3 асистенции. Најефикасни во таборот на Партизан беа Вашингтон со 20 и Тајрик Џонс со 17 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

