Новото засилување на Манчестер Јунајтед позитивно на коронавирус

Новото засилување на Манчестер Јунајтед, Алекс Телјеш е позитивен на коронавирус. Тој на почетокот на месецов стигна во Манчестер Јунајтед од редовите на Порто, но синоќа не беше дел од натпреварот во Лигата на шампионите против Лајпциг.

„Тестот беше позитивен и тој е надвор од екипата веќе неколку дена. Нема симптоми и веруваме дека ќе биде добро и брзо ќе се врати на терените“, изјави Солксјер. 

Телјеш по доаѓањето во Манчестер одигра еден натпревар во дресот на „црвените-ѓаволи“ и тоа во Лигата на шампионите против ПСЖ. Пред Телјеш само еден фудбалер на Јунајтед беше позитивен, а во прашање е Пол Погба.

Се вчитува...