Њу Старс славеше против Графичар на тестот во Белград, утре пријателски натпревар со Црвена Звезда

Еден од најдобрите македонски клубови во младинските категории, екипата на Њу Старс од Скопје славеше на пријателскиот натпревар со Графичар кој денеска се одигра во Белград.

Младинскиот тим на Њу Старс за фудбалери до 18 години славеше против врсниците од Графичар со 1-0. Графичар, како што е познато, е филијалата на белградска Црвена Звезда, расадник на најголемите фудбалски таленти во Србија.

Македонската екипа, за време на мини-подготовките во Белград, утре ќе одигра пријателски натпревар и со генерацијата 2004 година на Црвена Звезда.

Се вчитува...