Њукасл се соочи со сериозен потрес по одлуката за разделба од тренерот Еди Хау, а управата на клубот работи напорно на составување на квалитетен тим што би атакувал на висок пласман.
„Црно-белите“ договорија доаѓање на нов чувар на мрежата, Чехот Лукас Хорничек ќе биде прв голман на Њукасл во следната сезона откако премиерлигашот се согласи да ја плати клаузулата за да го откупи неговиот договор со Брага. Њукасл имаше две одбиени понуди од португалскиот гигант, по што на крајот плати 30 милиони евра за автоматскиот раскин, по што Хорничек доби зелено светло за лекарски прегледи.
Тие прегледи беа успешно минати во Шпанија, по што веќе нема никаква пречка чешкиот репрезентативен голман да потпише петгодишен договор со овој англиски премиерлигаш.
Потешкиот дел од задачата допрва претстои, да се најде начин да се заменат Гордон и Тонали, како и Бруно Гимараеш кој се наоѓа на чекор до потпис за Арсенал.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
