Њукасл е прв тим кој ќе ги врати стоечките трибини во Англија

Англискиот премиер-лигаш Њукасл објави дека тестирањето на трибините на стадионот „Сент Џејмс Парк“ ќе започне следната сезона.

Њукасл изјави дека ќе биде поставен простор за стоење во југоисточниот дел на стадионот кој би можел да прими околу 1800 навивачи. Ќе биде одреден и дел од трибината за гостински навивачи.

Минатата година УЕФА одобри програма која ќе овозможи тестирање на стоечки трибини во Франција, Германија и Англија. Местата за стоење беа забранети по трагедиите во Хилсборо во 1989 година, во кои загинаа 97 навивачи на Ливерпул, и на стадионот „Фуриани“ во Бастија во 1992 година, кога 19 лица загинаа при уривање на импровизираната трибина на натпреварот Бастија – Марсеј.

Се вчитува...