Њукасл ја покажува новата моќ: Понуда од 80 милиони евра за „наполитанецот“ Калиду Кулибали

Англискиот премиерлигаш Њукасл ќе биде финансиски многу моќен доколку се комплетира продажбата на клубот. Мајк Ешли треба да го продаде клубот од „Сент Џејмс Парк“ на инвестициски фонд од Саудиска Арабија со кој раководи принцот Мохамед бин Салман, а првото големо засилување се планира да биде дефанзивецот на Наполи, Калиду Кулибали.

Њукасл подготвува понуда вредна 80 милиони евра за ангажман на одбранбениот фудбалер на „наполитанците“. Во овој момент тоа е и најбогата понуда што би ја добил италијанскиот калчолигаш, со оглед дека најголем дел од европските гиганти се сериозно погодени од коронакризата. Првиот човек на Наполи, Аурелио де Лаурентис, до минатата сезоне не сакаше да преговара за продажба на Кулибали без отштета од 100 милиони евра, но новонастанатата ситуација секако ќе влијае и на клубот од Неапол, а свежи финансии ќе бидат добредојдени.

За Кулибали се интересираат и Пари Сен Жермен, Барселона и Манчестер Јунајтед.

Се вчитува...