Њукасл никако да победи – ремизираше со Брајтон на гости (ВИДЕО)

Тимот на Њукасл и по 11 одиграни кола во Премиер лигата не дојде до победа, и петти пат одигра нерешено. Екипата која има нов сопственик, никако да излезе од опасната зона, и покрај тоа што се најавуваат големи имиња во нивниот табор во блиска иднина.

Тросар од пенал во 24. минута го донесе тимот на Брајтон во водство, кое траеше до 66. минута кога Хајден успеа да израмни. Воедно, тоа беше првиот и единствен шут на Њукасл кон голот на противникот, доволен за бод.

На крајот Брајтон остана со играч помалку, во судиското надополнување, но немаше време Њукасл да се обиде да искористи и да дојде до првиот триумф.

Се вчитува...