Њукасл одби 80 милиони фунти од Арсенал

Не е никаква тајна дека Микел Артета сака да го доведе Бруно Гимараеш како топ-засилување за средниот ред на Арсенал во овој преоден рок, но „топчиите“ се мачат да најдат заеднички јазик со Њукасл за да добијат зелено светло за овој трансфер.

Проблем е што Њукасл веќе заработи над 160 милиони фунти од продажбите на Гордон и на Тонали, па „црно-белите“ немаат финансиски проблеми и сега ќе настојуваат да заработат што повеќе на капитенот Гимараеш ако се случи и тој да сака да си замине.

Се шпекулираше за сума од 70 милиони фунти, но Арсенал ги почна преговорите со 10 милиони фунти повеќе, вкупната вредност на првата понуда изнесуваше 80 милиони, но и тоа беше недоволно за да се убеди Њукасл.

Неофицијално, премиерлигашот од „Сент Џејмс Парк“ ќе бара 100 милиони фунти, а Арсенал ќе ја почека разврската со Винисиус пред да реши дали да понуди толкаво богатство за овој 28-годишен играч за врска.

Гимараеш е член на Њукасл од јануари 2022 година, кога пристигна од редовите на Лион. Тој досега има одиграно 195 средби за „црно-белите“, притоа постигнувајќи 31 гол.

Се вчитува...