Њукасл во финишот до триумф над Лестер, Барнли му „украде“ бод на Вест Хем (ВИДЕО)

Њукасл славеше со 2-1 против Лестер во натпревар од 33. коло во англиската Премиер-лига. Гостите поведоа со 0-1 со голот на Лукман во 19. минута. На 1-1 израмни Гимараеш во 30. минута. И кога сите мислеа дека ова ќе биде конечниот резултат, Гимараеш со својот втор погодок донесе триумф за домаќините од 2-1.

Во вториот натпревар од денешната понуда Вест Хем одигра само нерешено 1-1 против Барнли. Барнли поведе со 0-1 со голот на Вегорст во 33. минута, а конечните 1-1 ги постави Соучек во 74. минута. Гостите може да жалат што освоија само еден бод, бидејќи при резултат 0-1 во 45. минута не реализираа пенал преку Корнет.

 

 

 

Се вчитува...