О, каква НБА ноќ: Историски 60 поени со „трипл-дабл“ на Џејмс Харден! (ВИДЕО)

Најдобриот кошаркар на Хјустон и еден од најдобри кошаркари во НБА лигата, Џејмс Харден имаше ноќ на кариера против Орландо. Неговите Рокетски славеа со 114-107, а Харден постигна неверојатни 60 поени со „трипл-дабл“.

Гостите играа квалитетна кошарка, пружајќи силен отпор на Хјустон, но овој пат не можеа против расположениот Харден. „Брадата“ имаше 60 поени, дополнети и со 10 скока и 11 асистенции. Ова е најголем број поени во историјата на НБА лигата на кошаркар кој имал и „трипл-дабл“. Харден запиша и свој рекорд во кариерата по број на постигнати поени.

Од останатите дуели на вечерта, свој рекорд во кариерата запиша и центарот на БиХ, Јусуф Нуркиќ кој против ЛА Клиперс запиша 20 скока. Портланд славеше со 96-104 на гостувањето против ЛА Клиперс во мечкот во кој брилјираше Нуркиќ кој на скоковите дополни и со 14 поени. Најефикасен во победничкиот тим беше Дамиан Лилард со 28 поени, дополнети и со 7 асистенции.

Од останатите резултати, нов пораз запиша Кливленд овој пат на гостувањето кај Детроит од 124-114, додека Сан Антонио славеше против Денвер со 106-104. Пораз доживеаја и шампионите Голден стејт од Јута со 129-99.

Се вчитува...