Обамејанг: Ако сакам да напредувам, на лето треба да го напуштам Дортмунд

Зимскиот преоден рок во најсилните европски лиги заврши, но Пјер – Енерик Обамејанг ја ’фрли бомбата’ за летото што ни претстои. Тој најави дека по завршувањето на оваа сезона најверојатно ќе ја напушти Борусија Дортмунд затоа што му е потребен нов предизвик.

„Секој размислува за чекор напред во својата кариера, па така и јас. Уживам во Дортмунд, фановите се одлични, имаме неверојатна поддршка, но доколку сакам да одам напред во кариерата, мислам дека треба да заминам во некој поголем европски клуб. Сите велат дека Премиер – лигата е најсилна, но мене најмногу ме импресионира шпанското првенство“, изјави Обамејанг.

За него подолг период постојат шпекулации дека е голем фан на Реал Мадрид и дека очекува трансфер на „Сантијаго Бернабеу“, но интерес покажува и Манчестер сити.

Се вчитува...