Обамејанг донесе триумф за „топчиите“ против Њукасл

Арсенал победнички ја отвори новата сезона во Премиер – лигата совладувајќи го Њукасл на гости со 0-1. Стрелец на победничкиот гол беше Пјер – Емерик Обамејанг во 58.минута, по одличното проигрување од Мајтланд – Најлс од десната страна.

Унаи Емери се соочи со многу отсуства во тимот, дел од засилувањата како Себалјос и Пепе останаа на клупата и влегоа во второто полувреме, но и покрај тоа Арсенал успеа да стигне до минимален триумф.

Лестер и Вулверхемптон одиграа без голови на стадионот „Кинг Пауер“.

Се вчитува...