Обамејанг носи триумф за Дортмунд против Лајпциг… (видео)

Борусија Дортмунд стигна до триумф од 1-0 против Лајпциг во 19. коло од Бундеслигата благодарение на погодокот на Обамејанг.

Во 35. минута од средбата стрелаше Обамејанг на асистенција на Дембеле, што на крајот се покажа сосема доволно за три бода на „милионерите“.

All Goals & highlights – Borussia Dortmund 1-0… by mohtv

Дембеле на мечот заработи и повреда на коленото од левата нога, по што се најавува дека го очекува подолго отсуство од фудбалските терени.

Борусија Дортмунд по овој триумф има 34 бода, пробивајќи се на третата позиција на табелата, додека Лајпциг остана на 42 бода, не успевајќи да го искористи киксот на Баерн Минхен (46 бода) и да му се доближи на врвот.

Се вчитува...