Обамејанг: Се гледам себе си како ја освојувам ЛШ со Барселона

Пјер-Емерик Обамејанг денеска ја имаше официјалната презентација во Барселона. На прес-конференција, новиот играч одговараше на прашањето на новинарите.

Тој кажа дека посакува да го освои трофејот во Лигата на шампионите со Барселона.

„Се гледам себе си како ја освојувам Лигата на шампионите со Барселона. Треба да работиме да се вратиме таму, и да ја освоиме. Сакам да играм долго тука. Се надевам дека ќе постигнам многу со Барселона“, изјави Обамејанг.

Габонецот вели дека бил планиран да игра како класичен напаѓач.

„Зборував со Чави, и тој ми кажа дека ме планира како шпиц. Подготвен сум да одговорам на предизвикот, на која позиција и да играм“, вели Габонецот.

Се вчитува...