Обамејанг во Барселона во последните минути од преодниот рок, на Ливерпул му пропадна трансферот

Пјер-Емерик Обамејанг е нов играч на Барселона, откако синоќа во 11:58 го комплетираше договорот со „Каталонците“, односно ги имаше сите потребни документи за да го направи овој трансфер.

Габонецот ќе потпише договор до 2023 година, а Обамејанг ќе заработува многу помалку од она што го имаше во Арсенал. Во Лондон напаѓачот имаше плата од 18 милиони евра годишно, нешто за кое во Барселона само може да сонува. Клубот во овој момент не може да одвојува толку за плати, па така Габонецот се откажал од голем дел од своите примања. Претседателот на Барселона Лапорта, само го подигна палецот кога го прашаа за Обамејанг.

Во исто време во Барселона остана и Усман Дембеле, кој не успеа да најде ангажман.

Од друга страна, во Англија, на Ливерпул му пропадна трансфер во последните мигови. „Црвените“ беа блиску до ангажман на Фабио Карваљо од Фулам. Меѓутоа двата тима не успеаја да ја завршат бирократската процедура до полноќ, па така Карваљо останува во Фулам.

Се вчитува...