Обесхрабрувачки вести од Италија: Тројца фудбалери на Фиорентина позитивни на Ковид-19

Постојани вести кои не се охрабрувачки за брзо враќање на Серија А доаѓаат денеска од Италија. По позитивниот тест на еден фудбалер од Торино, попладнево и Фиорентина потврди дека тројца фудбалери и четворица членови на техничко-здравствената служба на клубот се позитивни на Ковид-19.

Пред почетокот на тренинзите сите клубови беа обврзани да направат тестови. Па сега заразените од Фиорентина ги чека изолација, а утре остатокот од екипата дополнително ќе биде тестиран пред почетокот на спортските активности.

Фиорентина на почетокот од пандемијата беше најзагрозениот клуб во Италија. Во еден момент тимот од Фиренца имаше дури 12 заразени лица.

Потоа, по лекарскиот третман, следеше информација дека сите се излекоа, но сега има нови седум лица. Сето тоа не дава позитивни сигнали Владата на Италија да дозволи брзо враќање на фудбалските натпревари во земјата.

Се вчитува...